Vrabotuvanje.com - Швајцарија од 1 јануари забрани носење бурка на јавни места
Share
Tweet
Share
Send to friend

Швајцарија од 1 јануари забрани носење бурка на јавни места

Оваа иницијатива била одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година

Швајцарија од 1 јануари забрани носење бурка на јавни места

Во Швајцарија, од 1 јануари стапија на сила новите закони со кои се забранува носењето бурка, заедно со законите за борба против детските бракови, зајакнување на обновливите извори на енергија и спречување на банкротирање на големите банки, пренесува „Свисинфо“.

Контроверзната забрана за покривање на лицето на јавни места, стапи на сила од 1 јануари, а прекршувањата ќе се казнат со парична казна до 1.000 швајцарски франци.

Швајцарија е шеста европска земја во која има ваква забрана, вклучувајќи ги соседните Франција и Австрија. Оваа иницијатива била одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година.

Извор: meta.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more