Vrabotuvanje.com - Колку нè чинеше Бадниковата трпеза?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку нè чинеше Бадниковата трпеза?

Посна трпеза, мрсни цени. На неа, традиционално, пита или лебче со паричка, риба, гравче, посни сарми, ореви, костени, урми, овошје. Богатата трпеза, според обичаите, значи богата година. Од сè по малку мора да има, иако цените годинава се превисоки, се жалат граѓаните.

Колку нè чинеше Бадниковата трпеза?

- Ќе биде поскромно, секако. Скапо е, цените цело време одат нагоре. Ова е шокантно, вели граѓанин.

- Мора да има посно, ореви, тиква, лешници. Скапо е, затоа трпезата ќе биде поскромна од лани, вели друг

- Испазарив сè, цените се високи, оваа година малку поскромно.

За скромна трпеза едвај ќе стигнат 2.000 денари. Килограм тавче гравче чини 250 денари, оревите 600-700, килограм ослич 200 денари, посни сарми околу 300, мандарини 140, скромно црвено вино 250. Ни новогодишната кошница, која трае до 15-ти овој месец, не помогна да се помине поевтино.

Денес е Божиќ. Трпезата треба да биде мрсна. Се пече месо, се прават салати, кифли и нешто благо. Колку ќе потроши просечниот македонец за христијанските празници, зависи од длабочината на џебот. 

Извор: sitel.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more