Vrabotuvanje.com - Скопје се гуши во магла и смог додека на Водно „пука“ сонце
Share
Tweet
Share
Send to friend

Скопје се гуши во магла и смог додека на Водно „пука“ сонце

Иако прогнозата на УХМР беше дека денес ќе времето ќе биде релативно топло за овој период од годината со сонце, тоа засега не можеме да го видиме. Скопје денес се гуши во смог и загаден воздух додека камерите на Водно регистрираат сонце и убаво време на врвот.

Скопје се гуши во магла и смог додека на Водно „пука“ сонце

Според сервисот „IQAir“ Скопје утрово е шести најзагаден град во светот. Полошо рангирани со позагаден воздух се Ханој во Виетнам, Делхи во Индија, Дака во Бангладеш, Лахор и Карачи во Пакистан.

Истовремено, Македонија е на десеттото место по најзагаден воздух во светот. Позагадено е во само во Пакистан, Кина, Таџикистан, Турција, Индија, Уганда, Бангладеш, Конго, Камбоџа. 

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more