Vrabotuvanje.com - Каде на скијање? Идеални места за зимување на Балканот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Каде на скијање? Идеални места за зимување на Балканот

Зимската сезона полека го достигнува својот врв, а според сите изгледи, ќе потрае подолго од вообичаено. Доколку имате планови за зимување, сега е идеалното време да испланирате каде би можеле да отпатувате и кое скијачко место ќе го изберете за вашиот зимски одмор.

Каде на скијање? Идеални места за зимување на Балканот

Сè уште размислувате и не сте сигурни во изборот? Сепак, тоа не би требало да биде тешка одлука, бидејќи Балканот изобилува со голем број фантастични скијачки центри кои ќе ви понудат незаборавно искуство. Одлични услови за зимски спортови, пристапни цени и гостопримливост што се памети, се главните причини зошто луѓето ги избираат скијачките центри на Балканот.

Во балканските земји има бројни скијачки центри кои можете да ги посетите без преголеми финансиски трошоци, дури и во средината на сезоната.

Од Словенија, преку Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, па сè до Албанија и Бугарија, скијачките центри нудат одлични услови за зимување и незаборавна зимска сезона. Ви издвоивме 5 скијачки центри на Балканот, а на вас останува да одлучите која од овие дестинации е најпогодна за вашето зимување и скијање.

Копаоник, Србија

Првото место на листата, секако, го зазема гордоста на српскиот туризам – Копаоник. Оваа прекрасна планина е одличен избор за скијање на Балканот, иако не е толку поволна во однос на другите дестинации.

Копаоник располага со околу 55 километри уредени скијачки патеки, како и 20 км патеки за нордиско скијање. Цените на ски-пасовите за сезоната 2024/2025 се приспособени за различни буџети, па така шестдневен ски-пас ќе чини од 20.750 до 22.500 динари, додека еднодневните карти ќе варираат од 4.620 до 5.370 динари.

Skijanje

Јахорина, Босна и Херцеговина

На само 40 минути возење од центарот на Сараево, се наоѓа најпознатиот скијачки центар во Босна и Херцеговина – Јахорина. Некогаш домаќин на скијачките натпревари за време на Олимписките игри во 1984 година, денес е модерен центар за зимски туризам со голем број скијачки патеки и ски-лифтови.

Цената на шестдневен ски-пас изнесува околу 20.700 динари, додека за дневна карта ќе ви бидат потребни околу 4.800 динари, во зависност од периодот на посетата.

Jahorina, Bosna i Hercegovina

Крањска Гора, Словенија

Место каде што се организираат најквалитетните натпревари во слалом, велеслалом, спуст, а особено привлекуваат интерес натпреварите во скијачки скокови, бидејќи во близина се наоѓа познатата скокалница Планика – една од најдобрите и најпопуларни во светот.

Цената на дневен ски-пас изнесува околу 4.800 динари, додека за шестдневен ски-пас потребно е да издвоите околу 35.400 динари. Крањска Гора е туристичко место кое е популарно и лето и зима и сигурно ќе ве воодушеви и ќе ве натера повторно да се вратите.

Kranjska Gora, Slovenija

Банско, Бугарија

Банско е дестинација што Македонците и туристите од Балканот многу често ја избираат за зимски одмор поради пристапните цени и фантастичните скијачки патеки.

Банско е еден од најголемите и најпопуларни скијачки центри во Источна Европа, а истовремено и најевтиното зимско одморалиште во Европа.

Bansko, Bugarska

Попова Шапка, Македонија

Главната зимска дестинација на Македонија, Попова Шапка, се наоѓа високо над Тетово, на Шар Планина. Скијачките патеки на Попова Шапка се врвни и започнуваат на 1.690 метри надморска височина, а се поврзани со жичари и ски-лифтови.

Со само 9,6 километри уредени скијачки патеки, Попова Шапка е погодна за почетници и оние со средно ниво на скијачко искуство, но вистински предизвик за љубителите на фрирајд скијање и адреналинските зависници е огромната област надвор од обележаните патеки.

Која и дестинација да ја изберете за вашето зимско патување, сигурни сме дека ќе уживате во скијањето, идиличната атмосфера, доброто друштво, вкусната храна и неверојатните пејзажи. Не претерувајте со вареното вино и уживајте! 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more