Vrabotuvanje.com - Германски гигант вработува: Се бараат 10.000 работници
Share
Tweet
Share
Send to friend

Германски гигант вработува: Се бараат 10.000 работници

Германски гигант вработува: Се бараат 10.000 работници

Луфтханза планира да вработи околу 10.000 работници ширум светот оваа година. Во споредба со претходната година, тоа е околу 3.000 луѓе помалку, соопшти компанијата.

Сепак, ќе има повеќе вработени дури и откако ќе се земат предвид заминувањата, објасни портпаролот на Луфтханза.

Во моментов, најголемата европска авиокомпанија според приходите вработува повеќе од 100.000 луѓе во 90 земји.

Потребни се работници за кабински екипаж, технички занимања, администрација, како и за аеродромски услуги. Се отвораат и 800 работни места за пилоти, јавува германската агенција ДПА.

Помалку вработувања од минатата година се планирани во матичната компанија „Луфтханза ерлајнс“, која е во програма за штедење.

Околу половина од новите работни места, според огласот, ќе бидат во Германија.

Луфтханза останува атрактивен работодавач, изјави Мајкл Нигеман, член на одборот одговорен за човечки ресурси.

„Само минатата година примивме 350.000 апликации во рамките на групата и вработивме повеќе од 13.000 нови работници“, рече Нигеман.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more