Vrabotuvanje.com - За поубав сон спијте како во Скандинавија
Share
Tweet
Share
Send to friend

За поубав сон спијте како во Скандинавија

Скандинавците важат за можеби најсреќните луѓе во светот. Има многу причини, но за тоа веројатно придонесува и познатиот „скандинавски сон“, којшто ветува целосен одмор и полна енергија наутро.

За поубав сон спијте како во Скандинавија

Станува збор за тн. скандинавски начин на спиење. Тоа е особено погодно за парови кои го делат креветот. Иако го добил по тоа што е карактеристичен за Шведска, Норвешка и Данска, денес станува сѐ пораспространет и во други делови на светот. Правилото гласи: И двајцата користат ист кревет, но свое засебно ќебе, наместо една поголема прекривка.

Така, се задржува блискост и топлина меѓу партнерите, а истовремено си дозволувате слобода и личен простор за повеќе одмор и поквалитетен сон.

Кога сте покриени цела ноќ и никој не „ви го краде“ ќебето, спиењето е многу поудобно, температурата на телото е изедначена, а резултатот е мирен сон без будење. Ова практика, на пр., и советниците и терапевтите ја препорачуваат за лица со нарушувања во спиењето. Посебните ќебиња ја намалуваат можноста за будење ноќе. Наместо да се одлучат за посебен кревет или посебна соба, скандинавскиот начин на спиење може да ги отстрани причините за немирни ноќи.

Сѐ тоа заедно придонесува за поубав сон и одмор.

Извор: Македонски Медиа Сервис

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more