Vrabotuvanje.com - Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи
Share
Tweet
Share
Send to friend

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Не патувајте во Грција на 28 февруари, ќе има голем 24-часовен штрајк

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Грција се подготвува за масовен 24-часовен штрајк, закажан за 28 февруари, на втората годишнина од трагичната железничка несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 претежно млади луѓе.

Штрајкот што го организираат трите најголеми синдикални организации во земјата ќе влијае на повеќе сектори, вклучувајќи го јавниот превоз, такси-услугите и поморскиот транспорт. Се очекува прекин во движењето на траектите и товарните бродови, додека голем број продавници најавија затворање за време на протестот. Властите предупредуваат на можно затворање на клучни улици и булевари.

Властите ги советуваат граѓаните и туристите да ги одложат планираните патувања на 28 февруари, особено оние кои планираат да патуваат со брод. Се препорачува внимателно следење на промените во распоредот на патувањата.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more