Vrabotuvanje.com - Доколку сакате да ја добиете работата, никако не ја носете оваа боја
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доколку сакате да ја добиете работата, никако не ја носете оваа боја

Доколку сакате да ја добиете работата, никако не ја носете оваа боја

Секој од нас сака да даде се од себе и да остави добар впечаток на интервјуто за работа. Постојат многубројни истражувања за тоа како треба да се однесувате додека седите на "жешкото столче", како да се поставите и како да одговарате на прашањата.

Запомнете дека првиот впечаток секогаш е најважен. Облеката е првото нешто што интервјуерот ќе го види кај вас. Комбинацијата што ќе ја носите ќе говори наместо вас и поради тоа важно е да запазите како ќе се облечете. Не сакате да изгледате премногу дотерано, но и не сакате да рефлектирате незаинтересираност со тоа што нема да внимавате што ќе облечете на себе.

Едно истражување спроведено во 2013 година покажало дека голема улога игра бојата на вашата облека и дека постои боја која никако не треба да ја носите на интервју. Станува збор за портокаловата. Докажано е дека оваа боја во деловниот свет асоцира на непрофесионалност.

Најдобро е да се придржувате до класичните бои како што се црната или сината. Со нив никогаш нема да погрешите бидејќи истите тие се поврзуваат со епитетите "водач" и "тимски играч".

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more