Vrabotuvanje.com - Кина: Ако барате маж - имате право на одмор, а ако се омажите - покачување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кина: Ако барате маж - имате право на одмор, а ако се омажите - покачување

На немажените жени на возраст над 30 години им е понудено дополнително отсуство од работа за да им се овозможи да дојдат до потенцијални партнери.

Кина: Ако барате маж - имате право на одмор, а ако се омажите - покачување

Две компании кои управуваат со тематскиот парк “Сонгченг“ во градот Хангџоу одлучија на работнички кои не се во брак да им дадат одличен подарок за Нова Година.

Наместо една недела платен одмор од 4. до 10. февруари што им следува на сите вработени во целата земја, немажените дами на овие две компании добија дополнително отсуство од работа во времетраење од уште една недела.

Како што објавија локалните медиуми, овој одмор може дополнително да биде продолжен доколку истото биде побарано од страна на работничките.

Дополнителна стимулација за работничките е и тоа што доколку се омажат до крајот на 2019 година, компаниите ќе им дадат покачување.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more