Vrabotuvanje.com - За 30 дена без цигара награда од 400 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

За 30 дена без цигара награда од 400 евра

Една хрватска општина, со цел да промовира здрав начин на живеење и поддршка за престанок на пушењето цигари, јавно објави наградна игра под мотото “Одбиј го пушењето и добиј пари“.

За 30 дена без цигара награда од 400 евра

Како што пренесува Poslovni.hr, конкурсот е наменет за сите возрасни пушачи кои живеат на територијата на Пожешко-славонската област кои се подготвени да се обидат да ги откажат цигарите и апстинираат од никотин, за период од триесет дена, почнувајќи со 6 март, а завршувајќи на 4 април.

Конкурсот е отворен од 18 февруари и ќе трае до 5 март 2019 година.

Услов за учествување на конкурсот е кандидатот да конзумира цигари барем 1 година. Дополнително, кандидатот треба да пријави едно лице – член на семејството како сведок кој ќе потврди дека кандидатот престанал да конзумира цигари.

Јавното објавување на победниците и доделувањето на наградите е планирано на 4 април 2019 година.

Победникот ќе добие подарок купон во висина од 3.000,00 куни (400 евра), а ќе има уште девет други награди во форма на ваучери во износ од 750,00 куни (100 евра).

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more