Vrabotuvanje.com - Бил 35 години на лажно боледување па отишол директно во пензија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Бил 35 години на лажно боледување па отишол директно во пензија

Звучи како да е дело на Балканец, но всушност станува збор за рудар од Италија по име Карло Кани.

Бил 35 години на лажно боледување па отишол директно во пензија

Уште во 1980-тата година, Карло заминал на боледување и никогаш не се вратил на работа. Од што пател? Наводно, клаустрофобија.

Во 2006-тата заминал директно во пензија, исполнувајќи ги сите услови поставени од италијанската држава. Да биде уште позабавно, пред да земе боледување, тој во рудникот работел само неколку дена, по што пошол на доктор да се пожали колку му е тешко.

Рударството никогаш не ми се допаѓаше. Признавам, дојдов до пензија без да работам никогаш ништо. Секогаш правев што можев само да не би одел во јама. Во тоа ми помагаа многу лекари, изјави Карло Кани.

Карло во текот на 35 години користел разни изговори како би го продолжил боледувањето, од почетната клаустрофобија, преку хемороиди, амнезија, а кога би му снемало болест, ги чешал очите со прашина од јаглен како би изгледал болно.

Главно останував дома и слушав џез. Многу ја сакам таа музика. Сепак во последните неколку години уживав сам седејќи во фотелја и не работејќи ништо, раскажувал Карло.

Медиумите во Италија едвај го дочекаа овој случај, како би укажале на многу дупки во законот за работни односи, кои Италијанците многу радо ги користат, за да се „закачат“ на државниот буџет.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more