Vrabotuvanje.com - Елон Маск работи 120 часа неделно за саатница од 900.000 долари
Share
Tweet
Share
Send to friend

Елон Маск работи 120 часа неделно за саатница од 900.000 долари

Базирано на интензивната програма за работа опишана од Елон Маск, неговото време поминато во канцеларија може да вреди најмалку 900.000 долари за час.

Елон Маск работи 120 часа неделно за саатница од 900.000 долари

Саатницата се базира на пресметките кои ги објави Бизнис Инсајдер, земајќи го предвид само потенцијалниот надомест кој Маск би го добил доколку се остварат плановите на Тесла.

Во својата програма за работа во автомобилската и енергетската компанија со седиште во Пало Алто, Маск наведе дека неговото работно време изнесува 120 часа неделно.

Имаше моменти кога не ја напуштав фабриката три или четири дена, изјави Маск во едно интервју за Тајмс.

Ако забави и работи помалку часови неделно, неговиот работен час ќе вреди уште повеќе.

Инаку, платата на Маск во Тесла е јавно позната и е всушност минималната плата во Калифорнија, но вообичаено не ја ни зема. Тој, исто така, зема плата и од SpaceX, но бидејќи станува збор за приватна компанија, износот не е познат.

Значи, иако проценетата нето вредност на богатството на Маск е 24 милијарди долари, неговата годишна плата е речиси невозможно да се дознае.

Но, во јануари, Тесла го објави својот долгорочен план за компензација на извршниот директор, а тој е многу комплициран и истиот се заснова на неговиот личен перформанс.

Како ја направивме математиката?

Елон нема да добие никаков загарантиран надомест во било која форма – ниту плата, ниту паричен бонус, а ниту пак акции, соопшти компанијата.

“Од друга страна, единствената исплата што ќе ја добие Елон ќе биде премија со 100-процентен ризик, што гарантира дека тој ќе биде компензиран само ако Тесла и нејзините акционери сработат навистина добро. А бидејќи сите вработени во Тесла имаат акции во компанијата, тоа значи дека надоместот на Елон директно зависи од успехот на сите во Тесла“.

Врз основа на поставените цели, ако Маск успее да ја доведе Тесла до вредност од 650 милијарди долари, иноваторот ќе добие исплата од околу 55.8 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Маск веќе подолго време работи импресивни 120 часа неделно, под претпоставка дека ќе продолжи со тоа темпо, тој работи 17 часа на ден што се вкупно 6.240 часа годишно или 62.400 часа во текот на следната деценија.

Кога 55.8 милијарди долари ќе се поделат со сите овие 62.400 часа, доаѓаме до саатница од 900 илјади долари.

Ова се многу пари, а стапката ќе продолжи да се зголемува доколку Маск не работи повеќе од 120 часови неделно.

Но, ако Маск не ги постигне целите кои се поставени за него, тој не добива ништо, а сите тие напорни работни часови паѓаат во вода.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more