Vrabotuvanje.com - LinkedIn профил како шанса за ваш професионален успех
Share
Tweet
Share
Send to friend

LinkedIn профил како шанса за ваш професионален успех

 
Дали спаѓате во групата на луѓе кои се‘ уште немаат свој профил на LinkedIn? Најверојатно, не сте ни свесни колку високо се наоѓа LinkedIn профилот на секое Google пребарување. Сакале или не, вашиот LinkedIn профил ќе биде редовна ставка на потенцијалните клиенти (или работодавци) во нивното online пребарување со цел да дознаат нешто повеќе за вас како професионалец. 
 
За таа цел, не е доволно само да имате профил, туку потребно е и тој да биде добро уреден. За таа цел, Vrabotuvanje.com ве советува што треба да наведете на вашиот LinkedIn профил и ви одговара на прашањето во што лежи тајната на успешниот LinkedIn профил.
 
За почеток, обидете се да не ја правите истата грешка што ја прават многумина на LinkedIn така што нивниот профил изгледа како виртуелно CV. Поголемиот број на профили на LinkedIn изгледаат вака: говорат за тоа каде работите или сте работеле, наградите што сте ги освоиле, позициите на кои сте биле назначени и слично. Проблемот е во тоа што вашите идеални клиенти, идеални работодавци и идеални купувачи воопшто не ги интересира тоа. За да бидете “привлечни“ на LinkedIn, мора вашиот профил да биде “свртен кон клиентот“. Наместо да биде свртен кон вас, вашиот LinkedIn профил треба да биде насочен кон посакуваната публика. Потребно е да се фокусирате на тоа што вие можете да направите за клиентот или работодавачот, односно проблемите што ќе ги решите со вашиот продукт или услуга. 
 
Единствениот начин на влијаете на другите луѓе е да зборувате за она што тие го посакуваат и да им го покажете патот како да дојдат до тоа.
 
Ако ова се адаптира за LinkedIn, тогаш би требало да направите профил којшто ќе говори за тоа што вашите потенцијални клиенти или работодавци сакаат, а притоа да покажува како соработката со вас може да им помогне да го постигнат тоа. 
 
Во секој случај, доколку се‘ уште немате свој LinkedIn профил, ве советуваме што е можно поскоро да направите бидејќи на тој начин добивате бесплатна можност виртуелно да се промовирате себеси како професионалец, а на дланка ќе ви бидат и сите огласи за вработување во компаниите кои ги следите. 
 
За крај, не би сакале да се најдете себеси во ситуација вашите работодавции или клиенти да сакаат да ве вработат или да склучат некој договор со вас, а да не можат да ве проверат на LinkedIn. 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more