Vrabotuvanje.com - Вибер воведе нова корисна опција - кажете збогум на трошоците за роаминг
Share
Tweet
Share
Send to friend

Вибер воведе нова корисна опција - кажете збогум на трошоците за роаминг

Мобилната апликација за праќање пораки Вибер воведе нова услуга “Вибер локален број“ која ќе биде многу корисна за луѓето кои често патуваат.

Вибер воведе нова корисна опција - кажете збогум на трошоците за роаминг

Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата засега е достапна само во САД, Канада и Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји.

Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници Вибер нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more