Vrabotuvanje.com - Грешка број еден што може да ја направите после интервју
Share
Tweet
Share
Send to friend

Грешка број еден што може да ја направите после интервју

Грешка број еден што може да ја направите после интервју

Извршниот уредник на Insider Inc., Џесика Либман, предизвика големо внимание по објавената статија во која зборува за едно единствено правило кога станува збор за вработување.

Откако интервјуирала стотици потенцијални вработени, таа напиша статија во која тврди дека непраќањето на мејл по интервју за работа е “грешка број еден“ што може да ја направи кандидатот кој е интервјуиран.

Според неа, секој кандидат, откако ќе го заврши своето интерјву треба да испрати порака со благодарност за издвоеното време бидејќи на тој начин може да си ги зголеми шансите за вработување.

За тоа, како што вели таа, постојат две причини.

Првата е во тоа дека на вашиот работодавач му давате повеќе информации за вашите квалитети: организираност, учтивост и добри манири. Тоа не гарантира дека ќе бидете добар работник, но дефинитивно истакнува дел од вашите карактерни особини.

Втората причина е во тоа што ја покажува вашата снаодливост да ги пронајдете сите потребни информации за да му испратите порака на регрутерот.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more