Vrabotuvanje.com - Колку често треба да ја миете косата?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку често треба да ја миете косата?

Колку често треба да ја миете косата?

Колку често ја шампонирате косата? Според стручњаците, веројатно премногу често.

Во разговор за GQ, стилистот Џулиен Фарел открива дека иако нема строги правила и секоја коса е различна, повеќето луѓе премногу често ја мијат косата. Како што објаснува, секојдневното шампонирање може да направи повеќе штета отколку корист.

„Доколку ја миете косата секој ден, шампонот ќе ги отстрани природните масти од скалпот и така ќе доведе до сува и кршлива коса”, вели Фарел, додавајќи дека косата треба да се мие на секои два до три дена.

Но, доколку вашата коса е веќе оштетена, и овој број треба да го намалите на најмногу до два пати неделно.

извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more