Vrabotuvanje.com - Колку често треба да ја менувате постелнината?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Колку често треба да ја менувате постелнината?

Вашиот кревет е многу повалкан од тоа што си мислите. Само замислете 100 литри пот годишно и кажете дека тоа не е доволна причина да ја перете постелнината почесто.

Колку често треба да ја менувате постелнината?
Според Филип Тиерно од Медицинскиот Факултет во Њујорк секоја вечер ја делиме постелата со габи, бактерии, пот, првут, урина... Замислете, половина од животот го поминувате со сето тоа.
 
Токму поради сите овие непријатности Тиерно советува промена на постелнината минимум еднаш неделно бидејќи нивото на овие материи расте до подносливи граници во рок од седум дена. Сѐ останато е дремка во ботаничка градина од бактерии.
 
„Ако случајно допрете измет од куче нормално е да сакате да ги измите рацете“ вели тој и советува дека вашата постелнина треба да ужива еднакво внимание.
 
извор: kajgana.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more