Vrabotuvanje.com - Најпознатото островче на Корнвол бара менаџер, градинар и чувар
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најпознатото островче на Корнвол бара менаџер, градинар и чувар

Три ретки можности за работа на најпознатиот замок на Корнвол се на дофат од дланка – едното работно место доаѓа со шанса да се живее на островот.

Најпознатото островче на Корнвол бара менаџер, градинар и чувар

На Планината на Свети Михаил, која се наоѓа во заливот веднаш зад Марацион, се бара нов менаџер на островот, главен градинар и чувар на замокот.

Менаџерот на островот е одговорен за водење на сите работи поврзани со бизнис на островот. Со плата до 40.000 фунти, позицијата го доби целото внимание на јавноста откако огласот беше објавен на фејсбук страната на оваа туристичка дестинација.

Голем број љубители на ваквите природни убавини позитивно реагираа на огласот велејќи дека вака изгледа нивната работа од соништата.

Позицијата главен градинар, кој е одговорен пред менаџерот на островот,  ја носи оваа понуда уште еден чекор понатаму. Заедно со платата до 28.500 фунти, успешниот апликант ќе се здобие со куќа со две или три спални во близина на крајбрежното село.

Сепак, за да живеете на ова место треба да сте добро потковани бидејќи, како што е наведено во огласот, островот се наоѓа на средината на морето.

Инаку, Планината на Свети Михаил секоја година ја посетуваат околу 350.000 туристи од целиот свет.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more