Vrabotuvanje.com - Како да знаете дека е време за нова работа - барајте ги овие 6 знаци кај вас!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како да знаете дека е време за нова работа - барајте ги овие 6 знаци кај вас!

Кога ќе сфатите дека вашиот однос со колегите, претпоставените, шефовите или сопствениците е токсичен и дека постои лоша атмосфера во компанијата – време е да си одите, а истото важи и кога ќе се почуствувате недоволно ценети или доколку губите интерес за работа.

Како да знаете дека е време за нова работа - барајте ги овие 6 знаци кај вас!

Секој е заинтересиран за нова работа, некои ја бараат активно, а некои пасивно, но кога ќе се отвори некоја можност сите сакаат да ја искористат. Прашањето кое многумина го поставуваат е кога точно е вистинското време за да се започне со потрагата по нова работа?

Давањето отказ и пронаоѓањето на нова работа може да бидат многу застрашувачки. Некои луѓе тешко се справуваат со промени, а понекогаш им е потребен и поттик или причина за да започнат нешто ново, вели Џил Гугуни Панте, директорка на Центарот за професионално советување, Делавер.

Според друг експерт, Дејв Данеро – потпретседател на Keystone Associates Career Management Advisory, постојат одредени знаци преку кои може да се одреди дали е во прашање тековна одлука или навистина ви е потребна нова работа.

Еве шест ситуации кои сигнализираат дека можеби е време да барате нова работа:

1. Наутро ви е тешко да станете од кревет

2. На работа владее токсична атмосфера

3. Губите интерес

4. Не добивате признание за својата работа

5. Во компанијата често се менуваат вработени

6. Вашата работа губи на вредност

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more