Vrabotuvanje.com - Успешен директор: Ова е прашањето што сакам да го слушнам од кандидатите за работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Успешен директор: Ова е прашањето што сакам да го слушнам од кандидатите за работа

Сакате да го импресионирате работодавачот на интервјуто за работа? Тогаш е најдобро да ги послушате советите на водечките луѓе од светот на бизнисот и да ги зголемите шансите за добивање на работата.

Успешен директор: Ова е прашањето што сакам да го слушнам од кандидатите за работа

Во секој разговор за работа доаѓа време кога интервјуерот му кажува на кандидатот: Дали имате некакво прашање за нас? Ова всушност е вашата можност да одредите дали отвореното работно место е соодветно за вас, но и последна шанса за да го импресионирате потенцијалниот работодавач, па токму затоа е од клучно значење да го поставите вистинското прашање.  

Дејв Керпер, извршен директор на успешната американска компанија Likable Local, ги запрашал своите пријатели и директори да го споделат своето гледиште со него околу тоа кое би било вистинското прашање.

Тој открива дека околу едно прашање се согласиле сите, а тоа е: “Како мојата работа ќе придонесе за мисијата на компанијата?“.

Дејв вели дека ова прашање покажува самодоверба, но исто така и мотив да се разгледа работата од поширок агол, што всушност укажува на висока интелигенција. Освен тоа, ова е јасен знак дека потенцијалниот кандидат не бара само работа, туку нешто во што силно верува.

Како преостанати важни прашања, директорите ги издвоија:

Кој е најголемиот стресен момент на оваа позиција?

Како вие ја започнавте вашата кариера во оваа област?

Кој е најважниот критериум по кој го мерите успехот на вработените?

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more