Vrabotuvanje.com - WhatsApp воведува нова опција за 400 милиони корисници
Share
Tweet
Share
Send to friend

WhatsApp воведува нова опција за 400 милиони корисници

WhatsApp наводно воведува нова опција за плаќање преку самата апликација, пренесува Business Today

WhatsApp воведува нова опција за 400 милиони корисници

Тестирањето на новата опција би требало да започне оваа година во Индија, објави Вил Каткарт на Фејсбук, компанија која го купи WhatsApp во 2014 година за 19 милијарди долари.

Опцијата ќе се нарекува WhatsApp Pay, а со неа испраќањето пари ќе биде лесно како испраќање на порака, а откако тестот ќе заврши во Индија, компанијата цели да ја лансира новата опција и на други меѓународни пазари.

Во моментов, една од најпопуларните апликации за разменување на пораки има 1.5 милијарди корисници ширум светот, од кои 400 милиони се само во Индија.

Ние веруваме дека ако го сториме тоа правилно, ќе ја забрзаме финансиската инклузија и ќе им донесеме вредност на луѓето во брзорастечката дигитална економија на Индија, изјави Каткарт.

Сепак, веднаш штом се објави веста за новата опција во Индија се појави загриженост.

Имено, индиските власти се загрижени дека услугата за плаќање на WhatsApp може да ги споделува податоците за корисниците со Facebook и Instagram, заканувајќи се на безбедноста, приватноста и некомерцијалните информации на своите корисници.

Засега не е познато дали WhatsApp добил зелено светло од индиските власти за отпочнување на новиот проект.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more