Vrabotuvanje.com - Што е договор за вработување со неполно работно време?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што е договор за вработување со неполно работно време?

Договор за вработување со неполно работно време едно лице може да склучи со повеќе работодавачи

Што е договор за вработување со неполно работно време?

Договорот за вработување, освен на полно работно време, може да се склучи и за работно време пократко од полното работно време.

Според Законот за работните односи, за неполно време се смета времето кое е пократко од полното работно време кај работодавачот.

Работникот кој ќе склучи договор за вработување со неполно работно време има исти права и обврски како и работникот кој работи на полно работно време и истите ги остварува пропорционално на времето за кое што склучил договор за вработување, освен тие за кои со Закон е поинаку определено.

Секој работник кој е пријавен на неполно работно време има право на годишен одмор со минимално траење од десет работни дена.

Ако во договорот за вработување поинаку не е определено, работодавачот на работникот кој работи со неполно работно време, не смее да му наложи да работи подолго од договореното работно време, освен во случаите од членот 119 во Законот за работни односи.

Законот го обврзува рабородавачот во договорот за вработување со неполно работно време да го утврди почетокот и завршетокот на неполното дневно работно време на работникот и да води посебна евиденција за работниците со неполно работно време.

Договор за вработување со неполно работно време еден работник може да склучи со повеќе работодавачи и така да го постигне полното работно време кое е определено со закон.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more