Vrabotuvanje.com - Во Рим може да размените 30 пластични шишиња за бесплатно возење со метро
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Рим може да размените 30 пластични шишиња за бесплатно возење со метро

Следниот пат кога ќе сакате да патувате од железничката станица Термини во Рим, можеби ќе сакате да соберете неколку пластични шишиња по пат

Во Рим може да размените 30 пластични шишиња за бесплатно возење со метро

Рециклирањето на пластика станува се повеќе кул во големите метрополи ширум светот, а доказ за тоа е и последниот потег на општинските власти во Рим каде луѓето можат да разменуваат пластични шишиња за бесплатно возење со метро.

Имено, италијанската престолнина започна 12-месечен пробен период на програмата “Ricicli + Viaggi“ што на македонски би значело Рециклирај + Патувај. Програмата им овозможува на патниците да депонираат пластични шишиња, а за возврат да добијат по 5 центи од шише кои може да се искористат за билет во метрото.

Како што пренесува “The Local“, парите се собираат на апликацијата за метро се додека не се достигне цената на билет за едно возење која во моментов е 1.50 евра.

Математички тоа значи дека за едно возење ќе ви бидат потребни околу 30 пластични шишиња кои наместо да ги оставите на улица, може да ги депонирате и да ги намалите трошоците за превоз.

Откако ќе заврши едногодишниот пробен период, Рим ќе ги разгледа резултатите за да види дали шемата треба да се прошири и во останатите станици.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more