Vrabotuvanje.com - Прашање на интервју за работа на кое никако не смеете да одговорите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Прашање на интервју за работа на кое никако не смеете да одговорите

За првиот разговор со вашиот потенцијален работодавец треба да се подготвите што е можно подобро за да оставите добар впечаток. Сепак, гледајте да го избегнете одговорот доколку ви го постават едно вакво прашање.

 
Сите знаеме колку се напорни интервјуата за работа на кои обично мораме да поминеме за да ја добиеме работата.
 
Освен за вашето образование, работно искуство или вештините, ќе добиете и голем број прашања на кои што треба да дадете што е можно подобар одговор. 
 
Во групата на оние основни прашања од кои работодавецот сака да ги открие вашите интереси, идеи и мотивација, постои едно прашање на кое би требало да го избегнете одговорот. И тоа по секоја цена.
 
Станува збор за платата која ја имате на тековната работа.
 
Според последните истражувања, ова прашање им се поставува на 43 отсто од луѓето, така што е многу веројатно да ви го поставиле и на вам.
 
“Никој не мора да знае колку изнесува вашата плата. Целта на ова прашање е работодавците да дознаат која е вашата претходна плата за тие да ве ангажираат за истата и да заштедат пари“, - октрива советничката за барање работа Синтија Понг. 
 
 
 
Доколку сакате да добиете повисока плата на новото работно место ве советуваме да го избегнете одговорот на ова прашање. 
 
КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА
Најдобар начин е да го пренасочите разговорот во друга насока. Започнете да говорите за вашите очекувања на новото работно место и слободно истакнете дека се надевате на повисока плата. 
 
“Истражувањата покажуваат дека дури 84 отсто од работодавците очекуваат од успешните работници да преговараат за својата плата, па токму поради тоа не се плашете да ја отворите таа тема. За жал, бројките покажуваат дека само 30 отсто од жените се одлучуваат за овој чекор, а тоа е веројатно врзано со нивната историска улога на самото работно мести“, - заклучува Синтија.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more