Vrabotuvanje.com - ПЛАТА 26.694 денари: Вработување во Агенција за вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПЛАТА 26.694 денари: Вработување во Агенција за вработување

ПЛАТА 26.694 денари: Вработување во Агенција за вработување
Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 276/2019

за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II во Агенција за вработување на Република Северна Македонија за следните работни места


1. АВР0102Б04002 Раководител на центар за вработување - Валандово(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор
   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник - петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 07:30 до 15:30
-   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 26.694,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се: Македонец(ка) 1.
 

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more