Vrabotuvanje.com - ЈАВЕН ОГЛАС за прием на 125 професионални војници на служба во Армијата
Share
Tweet
Share
Send to friend

ЈАВЕН ОГЛАС за прием на 125 професионални војници на служба во Армијата

ЈАВЕН ОГЛАС за прием на 125 професионални војници на служба во Армијата

Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македнонија“ бр.101/19), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст, по што им продолжува работниот однос со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да се полнолетни и
  • да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

  • да имаат завршено средно образование;
  • да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
  • да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

4. Платата изнесува од 22.059,00 денари до 25.574,00 денари.

ЦЕЛИОТ ОГЛАС МОЖЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА ЛИНКОТ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more