Vrabotuvanje.com - Во Германија недостигаат луѓе за оваа работа: Пензионери и студенти ја работат за дополнителен приход
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Германија недостигаат луѓе за оваа работа: Пензионери и студенти ја работат за дополнителен приход

Носачи на мртовечки ковчег на погреб е работа во Германија која „изумира“, па само студенти и пензионери се нафаќаат да ја работат.

Во Германија недостигаат луѓе за оваа работа: Пензионери и студенти ја работат за дополнителен приход

Недоволниот број вработени на овие места уште не довел до тоа да се одложи погреб, рече Кристијан Јегер, директор на здружението на компании за погребални услуги и сопственик на таква компанија.

До неодамна било обичај ковчегот на погреб да го носат пријатели или роднини, но тоа подразбирало семејството на покојникот да живее близу.

„Како што се менуваа социјалните околности, стана нормано на нивните места да дојдат пензионери или студенти кои сакаат дополнителна заработка“, рече Јегер.

Тука се и дополнителните проблеми со носачите на ковчегот, особено постарите.

„Луѓето денес се многу потешки и заедно со цвеќето и телото, шест носачи мора да носат товар и од 200 килограми, вели друг сопственик на погребално.

Во Германија погребалните претпријатија не вработуваат свои носачи зошто тоа финасиски не им е исплатливо.

извор: sitel.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more