Vrabotuvanje.com - „Напаст зад вашето рамо, Паничар, Фалбаџија“ - Кои од овие видови колеги ги имате во канцеларија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Напаст зад вашето рамо, Паничар, Фалбаџија“ - Кои од овие видови колеги ги имате во канцеларија?

„Напаст зад вашето рамо, Паничар, Фалбаџија“ - Кои од овие видови колеги ги имате во канцеларија?

Во секоја канцеларија постојат овие личности. Тоа се страшни соработници кои демнат преку вашето рамо, ви ги минираат идеите или се појавуваат експресно кога некој части за роденден. Еве неколку видови на личности кои постојат во секоја канцелариja и на секое работно место. Не дозволувајте нивниот карактер да ве нервира.

1. Напаст зад вашето рамо
Личност која демне преку вашето рамо со цел да види што работите и евентуално да ви поправи некоја грешка.

2. „Шармер“
Маж кој секојдневно ја игра улогата на „голем шармер“ и е на чекор од тужбата за сексуално вознемирување.

3. Колегата кој никогаш не си ги мие чашите од кафе
Да, тој е супер, забавен е и сите го сакаат... се додека неговите неизмиени чаши не фатат мувла...

4. Фалбаџија
Личност која не може да одолее и да не се пофали каде била и што правела и кои познати луѓе се нејзини „пријатели“.

5. Паничар
Линост која паничи за секоја ситница и со самото тоа создава паника во целата канцеларија.

6. Натрапник
Личност која ќе се појави од никаде кога на работното место некој части за роденден, или кога е време за бонуси пофалби и сл. Сака да ги наметнува своите идеи и многу да зборува.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more