Vrabotuvanje.com - Несекојдневна случка во САД: Крадец заспал на работно место
Share
Tweet
Share
Send to friend

Несекојдневна случка во САД: Крадец заспал на работно место

Сонот не познава време и место. Тоа го потврдува и оваа неверојатна случка во САД каде осомничен за кражба бил фатен како спие, олеснувајќи им ја целата работа на истражителите.

Несекојдневна случка во САД: Крадец заспал на работно место

Станува збор за 33-годишен човек по име Роберт Ваџерс кој е обвинет за провала, злосторничко однесување, кражба, поседување на фалсификувана исправа и други престапи по инцидентот кој на 11 март се случил во округот Клеј.

Се започнало во средата наутро кога главниот полицаец Клифтон Џоунс и супервизорот Дејви Груб одговориле на пријава за натрапник во куќа во 8 часот и 30 минути.

Кога стасале на местото, го пронашле крадецот како спие во близина на задната врата од куќата кој претходно бил затекнат лично од сопственикот.

Полицаецот Џоунс во неговите џебови пронашол и фалсификувана исправа за сопственост на возилото со кое управувал Ваџерс.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more