Vrabotuvanje.com - Која е вашата идеална тежина: Поделете два броја и откријте
Share
Tweet
Share
Send to friend

Која е вашата идеална тежина: Поделете два броја и откријте

Која е вашата идеална тежина: Поделете два броја и откријте

Индексот на телесната маса е општоприфатено мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го користат во своите статистики.

Овој индекс е најлесен начин да пресметате дали тежината и висината ви се складни.

На пример, ако лицето високо 176 сантиметри има тежина од 84 килограми, неговата висина треба да се помножи два пати, но по овој пример како децимала.

1,76 х 1,76 = 3,0976.

Кога со тој број ќе ја поделите телесната тежина (84 : 3,0976) добивате индекс на телесна маса 27.

Нормалниот индекс на телесна маса е од 18,5 до 25.

Секоја вредност под 18,5 се смета за ненахранетост, додека ИТМ од 25 до 30 означува прекумерна телесна тежина.

Сè што е над 30 е сериозна дебелина која може да го загрози здравјето.

Колкав е вашиот индекс на телесна маса? Лесно го пресметавте?

извор: crnobelo.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more