Vrabotuvanje.com - Мис Англија ја остави круната и како доктор застана во првите редови против вирусот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Мис Англија ја остави круната и како доктор застана во првите редови против вирусот

На Светскиот ден на здравјето што годинава им е посветен на здравствените работници, уште една убава приказна за почит го обиколи светот.

Мис Англија ја остави круната и како доктор застана во првите редови против вирусот

Како што пренесува CNN, Мис Англија за 2019 година, 24-годишната Баша Мукерџи, која што по професија е доктор, ја паузирала нејзината хуманитарна тура низ светот како мисица и се вратила во Англија со цел да им помогне на своите колеги во првите борбени редови против вирусот.

„Кога ја обавувате хуманитарната работа како мисица, сепак сите очекуваат да сте со круната на главата, да изгледате убаво... Јас сакав да се вратам дома и директно да отидам на работа", за CNN вели Баша која кога имала 9 години се преселила во Англија од Калкута, Индија.

„Нема подобро време за мене сега вистински да ја исполнам улогата на Мис Англија и да ѝ помогнам на земјата кога има најголема потреба од тоа", вели младата докторка.

Заклучно со вчерашнот ден, во Англија досега има потврдено околу 51.000 позитивни случаи на вирусот, а околу 5.000 починаа како последица на истот.

извор: fashionel.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more