Vrabotuvanje.com - Универзитетот Американ Колеџ Скопје има потреба од нов кадар
Share
Tweet
Share
Send to friend

Универзитетот Американ Колеџ Скопје има потреба од нов кадар

Универзитетот Американ Колеџ Скопје  има потреба од нов кадар

Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот Американ Колеџ Скопје го објавува следниот 

ПОВИК

За соработка со доктори на науки и докторанти по информатика 


Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот Американ Колеџ Скопје има потреба од кадар за континуирано изведување на наставата и научно-истражувачката (тековна и идна) работа. За таа цел, повикува на консултативен разговор со сите заинтересирани кандидати, коишто треба да ги исполнуваат следните услови:

• Да имаат стекнато минимум 300 ЕКТС кредити
• Да бидат доктори на науки или докторанти во областа на информатичките науки
• Да имаат добро познавање на англискиот јазик 

Во зависност од потребата и можностите, соработката би се состоела од држење на предавања или вежби по предмети, како и научна работа и истражување, од областа на информатиката. Соработката би била во форма на привремено или трајно вработување, и би започнала од есенскиот семестар во академската 2018/2019 година.

Заинтересираните кандидати е потребно да ја испратат следната документација: биографија (CV) и мотивациско писмо на ел. пошта: career@uacs.edu.mk и bozinovski@uacs.edu.mk, најдоцна до 15.06.2018 година. 

Со почит,
Факултет за компјутерска техника и информатика
Универзитет Американ Колеџ Скопје

извор: fakulteti.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more