Vrabotuvanje.com - За прв пат после распадот на Југославија: Еден ист филм истовремено ќе се прикажува во Србија и Хрватска
Share
Tweet
Share
Send to friend

За прв пат после распадот на Југославија: Еден ист филм истовремено ќе се прикажува во Србија и Хрватска

„Дневникот на Дијана Будисављевиќ“, филм на сценаристката и режисерка Дана Будисављевиќ кој го освои регионот, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан на ХРТ 1, а од 21 часот и на РТС.

За прв пат после распадот на Југославија: Еден ист филм истовремено ќе се прикажува во Србија и Хрватска

Филмот е посветен на Дијана Будисављевиќ – хуманитарка и хероина која за време на Втората светска војна спасила 15.336 деца од логорот на смртта „Јасеновац“.

Тој се емитува на денот кога се слави пробивот на последната група притвореници во Јасеновац, кој истовремено е ден на сеќавање на сите жртви и преживеани затвореници во тој логор.

Самата авторка изјави дека емитувањето во двете земји истовремено е своевиден преседан.

Мислам дека е преседан тоа што филмот се прикажува во ист ден на РТС и ХРТ.  Јас сум многу заинтересирана за реакцијата на ТВ публиката која е доста различна од фестивалската. Исто така, ова ќе биде показател за тоа колку нашето општество е подготвено за вакви теми. Важно е ваквите приказни да не опоменат, но и да не потсетат на најдобрите луѓе во најлошите времиња. Можеби звучи како клише, но важно е историјата да не се повтори и да се разбере дека ништо не се решава со војни. Дијана е многу добар пример и голема инспирација за тоа, изјави авторот на филмот за Јутарњи лист.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more