Vrabotuvanje.com - За отварање онлајн продавници 40 компании ќе добијат по 1000 долари
Share
Tweet
Share
Send to friend

За отварање онлајн продавници 40 компании ќе добијат по 1000 долари

За отварање онлајн продавници 40 компании ќе добијат по 1000 долари

Македонските компании ќе имаат можност за добивање неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар.

Оваа активност е дел од иницијативата „Ecommerce4All” која ја реализира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на јавниот повик е да се поддржат домашните компании кои сакаат да отворат своја е-продавница или пак, старт-апи кои сакаат да работат во областа на е-трговијата. Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се вклучува во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.

– Како два клучни проблеми, кои беа мапирани и потврдени од двете годишни анализи за раст и развој на е-трговијата, се покажаа недоволната едукација и недоволната понуда во областа е-трговија. Преку оваа иницијатива дополнително ќе ги мотивираме компаниите да дигитализираат дел од своите услуги и да отворат нов или дополнителен продажен канал – e-продавница, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство, истовремено зголемувајќи ја понудата во е-трговијата во С. Македонија, велат од АЕТМ.

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 40.000 долари (2.240.000,00 денари), а ќе биде распределен на 40 избрани апликанти, односно 1000 долари по апликант од кои 50% финансиска помош и 50% консултантска помош од страна на избраните онлајн пазари или ИТ компаниите кои ќе ги изработуваат самостојните e-продавници. Аплицирањето, кое е достапно на веб сајтот на Асоцијацијата https://ecommerce.mk/ecommerce4all/, е отворено за сите микро, мали и средни компании, стартапи, здруженија и занаетчии кои сакаат да отворат своја е-продавница.

Јавниот повик трае до 15 мај, по што ќе следи евалуацијата на апликациите од страна на комисија составена од експерти од областа на е-трговијата.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more