Vrabotuvanje.com - Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добро или лошо за вашата батерија?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добро или лошо за вашата батерија?

Со оглед на тоа дека ги користиме во текот на денот, вообичаен начин да ги наполниме батериите на своите мобилни телефони е да ги оставиме на полнач цела вечер. Меѓутоа, дали е тоа навистина неопходно?

Телефонот на полнач преку цела ноќ: Добро или лошо за вашата батерија?

Ваквото полнење на телефонот имало смисла кога на батериите им требало многу време да се наполнат, но во ерата на брзото и безжично полнење, тоа баш и не мора да биде наш прв избор.

Литиум-јонската батерија која денес се наоѓа во мобилните телефони се полни побрзо, а трае подолго од порано. Уште една работа по која се разликуваат во однос на батериите кои порано се наоѓаа во телефоните, е тоа што “не сакаат” да се испразнат до крај и потоа повторно да се полнат до 100 проценти.

Консензусот на произведувачите на паметни телефони е дека батеријата најдолго ќе ви трае ако постојано се наоѓа меѓу 40 и 80 проценти. И тука постои исклучок – се смета дека е добро батеријата еднаш месечно да се испразни целосно, и потоа да се наполни до 100 проценти.

Што се однесува до оптималната температура на батеријата, најдобро е да биде некаде меѓу 30 и 40 степени Целзиусови, а се под или над тоа треба да ви сугерира дека нешто не е во ред.

Исто така, корисниците се советуваат да користат само полнач добиен со телефонот, бидејќи некои поевтини полначи може да го скратат животот на вашиот мобилен.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more