Vrabotuvanje.com - ПЛАТИ до 36.140 денари: Потребни се 16 кандидати во Јавно претпријатие за државни патишта
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПЛАТИ до 36.140 денари: Потребни се 16 кандидати во Јавно претпријатие за државни патишта

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 60/2018

ПЛАТИ до 36.140 денари: Потребни се 16 кандидати во Јавно претпријатие за државни патишта
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 60/2018


за вработување на 16 јавни службеници од група I, подгрупа II во Јавно претпријатие за државни патишта за следните работни места

1. КДР0102В01075 Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од РМ, Одделение за инвестиции и градба на патишта со средства од РМ, Сектор за инвестиции со средства од РМ(2) извршител(и)

Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство (Дипломиран градежен инжинер - насока патишта и железници, насока по хидротехника, геотехника или конструктивна насока)
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции - решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:00 до 16:00
- Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 8:00 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 16:00 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 36.140,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 2.

2. КДР0102В01075 Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од МФИ, Одделение за инвестиции и градба на патишта со средства од МФИ, Сектор за инвестиции со средства од МФИ(6) извршител(и)

Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство (Дипломиран градежен инжинер - насока патишта и железници, насока по хидротехника, геотехника или конструктивна насока)
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:00 до 16:00
- Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 8:00 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 16:00 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 36.140,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1, Албанец(ка) 5.

Останатаите работни позиции како и начинот на аплицирање може да ги погледнете на следниов ЛИНК

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more