Vrabotuvanje.com - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА организира обуки за студентите на техничките факултети
Share
Tweet
Share
Send to friend

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА организира обуки за студентите на техничките факултети

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА како социјално одговорна компанија го потикнува и помага унапредувањето на високо-образовниот процес преку овозможување студентите да стекнат практични и применливи знаења од областа на автомобилската индустрија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА организира обуки за студентите на техничките факултети

Овојпат, за студентите од техничките науки, користејќи напредни технологии за учење на далечина, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА организираше он-лајн работилница на тема “Преглед на основните методи во еден процесен циклус на една производна компанија од областа на автомобилската индустрија”.

Во рамките на работилницата на интересен начин, користејќи примери од секојдневното практично искуство од работата во фабричките погони, на јазик разбирлив за студентите беа обработени темите за напредно планирање на квалитетот на производот, управувањето со проекти, ланци на снабдување, планирање на капацитетите, системите за следење на ефективноста и ефикасноста во производството (ОЕЕ), како и методологијата за решавање на проблеми.

Во улога на предавачи на оваа он-лајн работилница се јавија вработени во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА распоредени на раководни менаџерски позиции, како и постари специјалисти и експерти со повеќегодишно работно искуство во автомобилската индустрија од секторите за Квалитет, Логистика, Производно инженерство и Производство.

Он-лајн работилницата ја поминаа повеќе од 25 студенти од Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко-Металуршкиот факултет, кои го искажаа своето задоволство што присуствуваа на истата работилница. 

КАРИЕРА ВО КОСТАЛ >> Сите слободни позиции се на ЛИНКОТ

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more