Vrabotuvanje.com - Индустри Сервис: Останавме заедно со нашите 159 вработени, сите ги задржавме со редовни и непроменети месечни примања
Share
Tweet
Share
Send to friend

Индустри Сервис: Останавме заедно со нашите 159 вработени, сите ги задржавме со редовни и непроменети месечни примања

„Вработените се составен дел од успехот на нашата компанија, затоа остануваме заедно и во тешки времиња и само така ќе имаме успех и одржливост на долг рок“

Индустри Сервис: Останавме заедно со нашите 159 вработени, сите ги задржавме со редовни и непроменети месечни примања

Како компанијата Индустри Сервис се справува во последиците од пандемијата со Ковид-19?

Во време на светската пандемија Covid-19, нашата компанија Индустри Сервис се соочи со бројни предизвици и потешкотии во работењето. Поголем дел од нашите клиенти го стопираа своето производство, обемот на работа го намаливме за повеќе од 70% и најголем дел од нашите вработените останаа во своите домови.

Сепак, како компанија со цврсто втемелени семејни вредности, останавме заедно со нашите 159 вработени, сите ги задржавме во редовен работен однос, со редовни и непроменети месечни примања. Вработените се составен дел од успехот на нашата компанија, затоа остануваме заедно и во тешки времиња и само така ќе имаме успех и одржливост на долг рок.

Како општествено одговорна компанија дадовме поддршка на јавните здравствени установи и Дирекцијата за заштита и спасување со донација на заштитна опрема. Апелираме до секој, кој е во можност да го стори истото, како би се издигнале што е можно поскоро од новонастанатата ситуација која не погоди сите.

 

Прогрес за време на криза - Нова Централна кујна во Скопје, технолошки најсовремен објект од овој тип во регионот на Западен Балкан

 

Со голема радост и задоволство сакаме да го споделиме нашиот почеток со работа на новата подружница – Централна Кујна Скопје. Современа, безбедна и технолошки опремена кујна со дневен капацитет за подготовка на над 10.000 оброци. Горди сме на овој проект во кој вложивме многу љубов, труд и енергија.

Централната кујна во Скопје е со капацитет за подготовка на над 10.000 оброци на дневна основа, воедно претставува и технолошки најсовремен објект од овој тип во регионот на Западен Балкан.

Стани дел од тимот на Индустри Сервис - Аплицирај за позицијата СМЕТКОВОДИТЕЛ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ИНДУСТРИ СЕРВИС: Македонска компанија со Европска цел: „Почитуван, ценет и добро платен вработен“

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ЈАНА - вработена во Индустри Сервис: Без двоумење го препорачувам Индустри Сервис - Со посветеност и квалитетно работење, напредокот и успехот во компанијата се неизбежни

СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more