Vrabotuvanje.com - 26 семејства од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ ќе одат на бесплатен одмор во Херцег Нови
Share
Tweet
Share
Send to friend

26 семејства од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ ќе одат на бесплатен одмор во Херцег Нови

Кампањата „Херцег Нови те повикува“ израдува 26 семејства од регионот кои летото ќе го поминат во Херцег Нови пет дена бесплатно.

26 семејства од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ ќе одат на бесплатен одмор во Херцег Нови

Во првото коло од наградната игра „Херцег нови те повикува“ беа извлечени летните аранжмани, кои ќе ги користат повеќе од 100 гости од Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора, соопштија од општината Херцег Нови.

Во соопштението стои дека добитниците на наградите ќе престојуваат во хотели и апартмани со највисок квалитет.

Горд сум на фактот дека има огромен број на луѓе што го сакаат Херцег Нови, го гледаат како свој втор дом и не можат да дочкаат да се сретнеме на јадранското крајбрежје, рече претседателот на општината, Стеван Китиќ порачувајќи дека гостите ги очекуваат добри домаќини и пријатели.

Во првиот круг од наградната игра учествувале повеќе од 30.000 луѓе од 80 земји ширум светот кои се пријавија со желба да го поминат летото во Херцег Нови.

Најголем интерес е забележан во регионот, каде што беше и насочена кампањата па затоа 65 проценти од апликантите се од Србија, а 15 проценти од БиХ.

Херцег Нови реши да ја продолжи кампањата со тоа што на 15 јуни организира уште еден круг на доделување на бесплатни аранжмани во соработка со бројни хотелиери и приватни сопственици на апартмани.

Секој што сака да учествува треба да се пријави на веб страната www.hercegnovitezove.com и со тоа станува учесник во излекувањето кое ќе се одржи на 15 јуни. Во извлекувањето ќе учествуваат и учесниците кои веќе се пријавиле, но не добиле награда во првиот круг.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more