Vrabotuvanje.com - Ја тужеше компанијата за здодевна работа - добил отштета од 50.000 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ја тужеше компанијата за здодевна работа - добил отштета од 50.000 евра

Фредерик Деснар, менаџер на париска парфимерија, доби на суд речиси 50.000 евра зошто му било здодевно на работа.

Ја тужеше компанијата за здодевна работа - добил отштета од 50.000 евра

Имено, неговиот работодавач не му давал ништо да работи, па тој страдал од депресија. Парискиот Апелциски суд му додели отштета во веќе спомената сума откако тој ја опишал својата состојба како „слегување во пеколот“.

Ми беше срам што сум платен а не работев ништо. Никому не му беше грижа дали ќе дојдам на работа во 9 или 10 часот. Имав некои ситни обврски што немаат никаква врска со описот на моите работни задачи, рекол Деснар за АФП.

Работникот рекол дека од него било барано да не прави ништо освен ситни задачи во текот на 4-те години, искуство кое го опишал како “заминување во пеколот”. Тие задачи наводно вклучувале поставување на нова табла за генералниот директор и пречекување на водоинсталатер во домот на неговиот шеф.

Компанијата се бранела тврдејќи дека Деснард во текот на тие 4 години воопшто не приговарал поради својата здодевна работа и недостатокот од стимулација, туку тоа го направил откако дознал дека ќе стане излишен.

Жалбениот суд во Париз пресудил дека Фредерик трпел некој облик на морално вознемирување и му доделил 10 отсто од износот кој го барал од поранешниот работодавец.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more