Vrabotuvanje.com - Новата опција на iPhone нема да и се допадне на полицијата
Share
Tweet
Share
Send to friend

Новата опција на iPhone нема да и се допадне на полицијата

Пред повторното продолжување на протестите во САД и другите земји ширум светот поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кратенката на iPhone која брзо овозможува снимање на разговори со полицајците станува сè попопулаларна.

Новата опција на iPhone нема да и се допадне на полицијата

Алатка направена за апликацијата Shortcuts на Apple, му овозможува на корисникот да го вклучи снимањето на разговори со еден збор. Додатокот го изработи досетлив редитор Роберт Петерсен.

Ако корисникот на глас извика „Hey Siri, I’m getting pulled over“, паметниот телефон автоматски ќе ја активира програмата и ќе ја паузира целата музика што ја емитувате, ќе го исклучи екранот на уредот и ќе го префрли паметниот телефон на “Do Not Disturb”.

Кратенката може да испрати и текстуална порака до одреден контакт со точната локација на корисникот. Конечно, откако ќе завршите со снимањето, кратенката снима сè на iCloud или Dropbox.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more