Vrabotuvanje.com - „Прилепска Пиварница“ АД ВРАБОТУВА!
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Прилепска Пиварница“ АД ВРАБОТУВА!

„Прилепска Пиварница“ АД ВРАБОТУВА!
Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, „Прилепска Пиварница“ АД постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови.
 
Во моментов имаме потреба од проширување на нашиот тим, на позиција:
 
Работник во ферментација на пиво
Локација: Прилеп, Работно време: во смени

 

Потребни квалификации:
  • ССС - Хемиско училиште
  • Пожелно 1 година претходно работно искуство, но не е ограничено на истото
 
Одговорности и задачи:
  • Одговорен е за приемот на изладена пивска сладовина во неговата смена и мерење на екстрактот на истата при нејзиниот прием на ферментација;
  • Врши дозирање на пивски квасец во пивската сладовина;
  • Одговорен е за следење и водење на процесот на ферментација според операциони листи;
  • Се грижи за состојбата на суровините и нивната исправност;
  • Се грижи за навремено надополнување на суровините во дневното производство;
  • Самостојно одлучува за завршување на филтрација на пивото во танкот за накнадна ферментација;
  • Се грижи за исправноста на опремата;
  • Ги применува пропишаните мерки за заштита при работа;
  • Се грижи за личната хигиена, уредноста и хигиената на работниот простор и околината;


    АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЛИНКОТ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more