Vrabotuvanje.com - Што се случува со вашиот организам ако го прескокнете утринското кафе?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Што се случува со вашиот организам ако го прескокнете утринското кафе?

Прескокнување на утринското кафе предизвикува хаос во вашиот организам

Што се случува со вашиот организам ако го прескокнете утринското кафе?

Некои можеби тоа веќе го искусиле на нивната кожа – без кафе имаме чувство на вртоглавица, збунетост и главоболки.

Постои објаснување за сето ова: кофеинот произведува физички промени во вашето тело, а токму од овие промени станувате зависни од кафето, пренесува „24 часа“. Со првата голтка, кофеинот влегува во вашиот крвоток и го започнува своето патување до вашиот мозок, каде што блокира инхибиторен невротрансмитер наречен аденозин.

На тој начин се ослободуваат допамин и серотонин, хормони кои прават да се чувствуваме добро. На кофеинот му е потребно дури пет часа за неговата количина во вашето тело да се намали за 50 проценти. Ова објаснува зошто пиењето и просечните количини кафе имаат долгорочен ефект.

Стапката со која кофеинот излегува од вашето тело не е иста за сите, но тоа е под влијание на неколку фактори: возраст, медицински состојби, интеракции со лекови и животни навики (како пушење). Значи, ако не пиете кафе, всушност доживувате хемиски промени во вашето тело.

Ако не решите повеќе да пиете кафе, има несакани ефекти кои се многу забележливи и „зачудувачки“. Бидејќи вашиот метаболизам веќе го нема стимулот што се користи, ќе се чувствувате слаби, уморни, бавни и магливи. И колку повеќе кофеин консумирате, толку се потешки симптомите на повлекување. Ова е логично затоа што ќе ги почувствувате последиците од недостаток на кофеин дури и ако не пиете една шолја кафе наутро, додека исфрлањето кафе е далеку полошо.


​Целиот текст прочитајте го на lokalno.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more