Vrabotuvanje.com - А кој е хороскопскиот знак на кандидатот?
Share
Tweet
Share
Send to friend

А кој е хороскопскиот знак на кандидатот?

Секој шести сопственик на бизнис во Русија, што е околу 16 проценти, обрнува внимание на хороскопскиот знак на кандидатите за работа, додека само пет проценти од стручните лица во секторите за човечки ресурси го земаат предвид овој фактор при изборот на соодветен човек за одредена позиција, покажуваат резултатите од студијата на Rabota.ru.

А кој е хороскопскиот знак на кандидатот?

Сепак, мнозинството сопственици на бизнис, односно 74% од нив и 85% од менаџерите за човечки ресурси во земјата, воопшто не го земаат предвид хороскопскиот знак при вработување, се наведува во студијата.

Според собраните податоци, од работодавците кои го земаат предвид зодијакот при селекција на кандидатите, 75% го прават тоа за раководни позиции, 50% при вработување на позиција менаџер на канцеларија и 45% при вработување на работни места во секторите продажба и услуги.

За секој петти сопственик на бизнис или професионалец за човечки ресурси, хороскопските знаци се важни при изборот на потенцијални ИТ професионалци, додека до 15 проценти сметаат дека се важни при изборот на кандидати во областа на маркетингот.

Во истражувањето на агенцијата Rabota.ru се опфатени над 1.000 претставници на руски компании, менаџери и директори за човечки ресурси од сите руски региони.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more