Vrabotuvanje.com - Никогаш полесно до можност за вработување во Македонски Телеком
Share
Tweet
Share
Send to friend

Никогаш полесно до можност за вработување во Македонски Телеком

Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Македонски Телеком!

Никогаш полесно до можност за вработување во Македонски Телеком

Македонски Телеком е компанија во која луѓето постојано учат и се развиваат и токму затоа го носи епитетот на една од најпосакуваните компании за вработување во нашата земја.

Како водечки телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком, Македонски Телеком на своите 1.200 вработени им нуди можнoст за работа на иновативни проекти, размена на знаење со врвни професионалци и шанса за континуирано учење преку интернационални платформи.

Покрај тоа, тука е и богатата бенефициска програма која вклучува флексибилно работно време, членство во теретана, можност за работа од дома, попусти за вработените и многу други финансиски придобивки кои ги имате како вработен во компанијата.

„Нашите вработени ја создаваат нашата успешна приказна. Имаме тим од вредни, самоиницијативни, иновативни ентузијасти кои постојано учат и изнаоѓаат најдобри решенија. Негуваме култура на постојан раст и развој на вработените, каде што успесите се препознаваат. Нудиме и развиваме програми преку кои нашите вработени се развиваат во интернационално опкружување и добиваат искуство кое е препознаено насекаде. Вложуваме во нашите вработени, затоа што тие го создаваат нашиот успех“, велат од компанијата.

Како да станете дел од Македонски Телеком?

Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Македонски Телеком на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 7 до 14 октомври.

​Македонски Телеком: компанија во која луѓето постојано учат и се развиваат

ПОСЕТЕТЕ ГО ШТАНДОТ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more