Ширум светот се уште се чуваат 169 милиони банкноти и 24милијарди кованици на германската валута во вредност од 12,9 милијарди марки или околу 6,6 милијарди евра. Иако заминаа во „пензија“ пред речиси 17 години, германската марка се уште е оптек.
Некој ги чува како злато, некој како колекционерски примероци, а некој не е ниту свесен дека ги има некаде „скриени“ во некоја кутија, или помеѓу два листа од стара книга.
Иако поголемиот дел од овие пари се наоѓа во германските домови, се проценува дека голем износ може да се најде и во земјите на поранешна Југославија во кои марката едно време била второ официјално средство за плаќање.
Ако помеѓу листовите на стара книга или во кутијата на дедо имате пронајдено од овие банкноти, не ги фрлате.
Кога е воведувано еврото Германската централна банка ветила дека банкнотите и кованиците на германската банка ќе важат засекогаш и дека може да се заменат за евро по утврден курс од 1,95583 марки за едно евро.
makedonijadenes.com.mk
makedonijadenes.com.mk