Vrabotuvanje.com - Оглас за вработување во Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство
Share
Tweet
Share
Send to friend

Оглас за вработување во Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство

Оглас за вработување во Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 141/2020
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Влада на Република Северна Македонија - Секретаријат за законодавство за следните работни места
 

1. УПР0101В04000 Помлад соработник за сметководство, ревизија и платен промет и осигурување на имот и лица, Одделение за јавни финансии, Сектор за финансиска политика(1) извршител(и)
 

Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
 

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
- со или без работно искуство во струката
 

Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
 

Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
 

Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 20.969,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Албанец(ка) 1.

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more