Vrabotuvanje.com - „Адидас “ претстави специјални патики посветени на сплитска „Југопластика “
Share
Tweet
Share
Send to friend

„Адидас “ претстави специјални патики посветени на сплитска „Југопластика “

„Адидас “ претстави специјални патики посветени на сплитска „Југопластика “

Германскиот гигант за спортска опрема Аdidas направи специјални патики во чест на култната Југопластика, еден од најдобрите тимови во историјата на европската кошарка, која освои три европски титули на крајот на 80-те и почетокот на 90-те години.

Adidas произведе 150 пара специјално дизајнирани TopTen модели со посвета на Југопластика во боите од некогашниот успешен кошаркарски клуб. Патиките ќе одат во комплет со жолта торбичка и шишенце за вода.

BSTN adidas Forum Ćevape & Fries Pack Release | SneakerNews.com

Цената на патиките засега не е позната, а патиките нема да бидат во слободна продажба, туку ќе се продаваат на онлајн аукција.

Југопластика, во времето на Југославија, беше фабрика која за потребите на Adidas годишно произведуваше 4,5 милиони торби. Истоимениот кошаркарски клуб од Сплит во тоа време беше дел од врвот и кремот на европската кошарка.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more