Vrabotuvanje.com - Би пробале ли „хамбурек“ – бурек со плескавица? - Најновиот балкански гурмански изум
Share
Tweet
Share
Send to friend

Би пробале ли „хамбурек“ – бурек со плескавица? - Најновиот балкански гурмански изум

Бурекот е карактеристичен балкански специјалитет на кој се горди неколку народи во регионот

Би пробале ли „хамбурек“ – бурек со плескавица? - Најновиот балкански гурмански изум

Неговата популарност е причина за да има различни варијанти, од потрадиционланите, месо, сирење, спанаќ, компир, во последните неколку години имаше и други варијации. Една од најпопуларните е бурек со вкус на пица, но слатка варијанта на бурек со крем од чоколадо и лешник.

Сепак, една пекара во Бор во Србија, се чини отиде најдалеку во иновацијата на бурекот па на своите муштерии им нуди бурек со плескавица..

Креативниот пекар прави спој на двата, можеби најомилени балкански специјалитети, со што добива јадењето наречено „хамбурек“.

„Хамбурекот“ предизвика бројни реакции меѓу балканските гурмани, па многумина ја поздравуваат идејата и сакаат што поскоро да го пробаат, додека други сметаат дека оваа комбинација на вкусови е претерана.

Има и такви кои предложиле и нова комбинација, па сметаат дека треба да се направи и бурек со сарма.

извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more