Vrabotuvanje.com - Влечки во форма на леб за 95 евра
Share
Tweet
Share
Send to friend

Влечки во форма на леб за 95 евра

Естонскиот рапер Tommy Cash, во соработка со францускиот луксузен бренд Maison Margiela, презентираа влечки кои имаат форма и изглед на леб.

Влечки во форма на леб за 95 евра

Cash ги презентираше своите влечки во форма на леб уште во 2019 година, како дел од изложбата со американскиот моден дизајнер Rick Owens.

Внатрешноста на влечката изгледа како средина на бел леб, додека надворешноста наликува на златно-кафеав, свежо печен леб.

Се чини дека „необичниот“ дизајн e  карактериристика на  естонскиот рапер кој претходно овој месец  пред јавноста претстави патика долга метар што ја дизајнираше во соработка со спортскиот бренд „Адидас“.

Влечките во форма на леб може да се најдат на веб продавницата на брендот Маргинела, и истите чинат 95 евра.

 

Дали би ги пробале ?

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more